ЕВН: Нула толеранција за незаконско однесување на вработени

Од:

Согласно интерните регулативи на компанијата, ЕВН Македонија има нула толеранција за неетичко, нечесно и незаконско однесување на своите вработени, наведуваат од ЕВН Македонија во врска со приведувањето на раководителот на КЕЦ Куманово кој се сомничи за „примање поткуп“.

Додаваат дека како и досега, ЕВН ќе соработува со полицијата за сите потребни информации во интерес на истрагата, без оглед дали криминалните дејства доаѓаат однадвор или одвнатре, од вработени лица.

Тие ги охрабруваме сите соработници, клиенти или трети страни, да пријават во надлежните институции доколку имаат сознание за какво било неетичко или незаконско однесување од страна на внатрешни или надворешни лица на ЕВН Македонија.

Би можело да ве интересира

ИНРМ за фактурите за струја: ЕВН нема капацитет и флексибилност да испорача соодветен квалитет на услуги кон граѓаните

Половина Македонија без струја

Катерина Ѓуровски

Пазар на електрична енергија: Оние кои го разбираат пазарот – и се подготвени да иновираат – ќе водат

ЕДС Инфо поинт: Просечната цена на струјата на HUPX берзата за петок 16.05.2025 изнесува 89 евра за мегават час, на МЕМО 92,88 евра за мегават час

ЕДС со нов менаџмент и нови иновативни пакети за снабдување со електрична енергија

Левица го бара купопродажниот договор со ЕВН поради грабежот на граѓаните