Во судирите во Лајпциг повредени 70 полицајци

Од:

Во судирите меѓу полицијата и припадниците на левичарските движења кои, во текот на демонстрациите на неонацистите во Лајпциг, вчера организираа контрамитинг, повредени се речиси 70 полицајци, а десетици лица се приведени, пренесуваат денеска светските медиуми.

„Раша тудеј“ пренесува дека демонстрантите со камења, шишиња и петарди ги гаѓале полицајците кои одговориле со  солзавец и водени топови.

Според наводите на портпаролката на полицијата, во судирите се оштетени околу 30 полициски возила, наведуваат француските медиуми.

Околу 150 припадници на различни десничарски организации, меѓу кои и огранокот на антиисламистичкото движење ПЕГИДА (Патриотски Европјани против исламизација на Западот), наречено Тугида, вчера маршираа во јужниот дел на Лајпциг, град со околу 550.000 жители.

Десничарите во текот на маршот се сретнаа со учесниците на контрамитингот што го организираа различни движења и левичарски групи, наведе германскиот весник „Шпигел“.

Според полицијата, на контрамитингот му се приклучиле неколку илјади лица.

Демонстрантите кренале барикади на повеќе улици и ги запалиле, наведе германскиот весник.

Би можело да ве интересира

ВИДЕО: И пукал во глава на бремената сопруга, потоа ранил уште тројца – хорор во Германија

ВИДЕО: Поплави во Германија, жители на баварски град евакуирани со хеликоптер

Од денеска Македонците полесно до работа во Германија

ВИДЕО: Политичар и полицаец избодени со нож во Германија

Шолц попушти: Украина може да користи оружје од Германија на руска територија

Катерина Ѓуровски

Светската сила на работ на банкрот, лоши прогнози за животниот стандард во Германија