Реакција на МО на соопштението на ВМРО-Народна партија

Од:

„Во однос на обвинувањата од партијата ВМРО-Народна партија, Министерството за одбрана со цел расчистување на невистините, Ве известува за следното:

1. Измената на тендерот за кој станува збор, во никој случај не дискриминира, туку напротив остава можност за уште поголем број фирми да се пријават на тендерот. Прецизно, измената се однесува на делот за високо-градба, односно во тендерот се бара стандардниот услов – обрт од 5 милиони евра во една од последните три години во високоградби. Тоа вклучува фирми кои не граделе само станбени објекти, туку и трговски центри, школи, административни згради и слично. Тоа се поповолни критериуми од оние дадени во првиот тендер!

Дека не постои простор за дискриминација укажува фактот дека согласно истражувањето на пазарот, осум компании информирале дека ги исполнуваат бараните критериуми, чија цел е да се обезбеди квалитетна градба во конкурентни услови. Напоменуваме дека кога се градат објекти за припадниците на Армијата, во сите држави се поставуваат критериуми кои го гарантираат квалитетот и динамиката на градбата.

Известуваме дека промената на тендерската постапка се изврши поради промени во проектот кои се однесуваат на големината на станбените единици и нивно усогласување со Правилникот во Министерството за одбрана.

Инаку, изградбата на првата зграда од еден од најсуштинските проекти во последната деценија во одбраната и безбедноста, проектот „АРМ – мој вистински дом“, ќе чини околу 2 милиони евра, а имајќи предвид дека се планира изградба на околу 10 станбени згради, вкупната вредност во крајната фаза е околу 20 милиони евра. Тоа е респектабилна сума и затоа приоритет на Министерството за одбрана е условите во тендерот да овозможуваат избор на компанија со искуство во изградба на објекти од високо градба“, се вели во реакцијата на МО на соопштението на ВМРО – Народна партија.

Би можело да ве интересира

ВМРО-НП: Наместо исполнување на договорените обврски со ЕУ, Владата со нови проблеми пробува да го „откочи“ веќе закочениот процес

Елфет Исмаили нова заменик министерка за одбрана

МО: Насковски уште во мај 2023 година е разрешен од функцијата претседател на синдикалната организација НСПВ

НСПВ: Министерството за одбрана ја сопре членарината на синдикатот и на тој начин го оневозможува синдикалното делување

Горан Наумовски

ВМРО-НП: Неприфатливо донесувањето на законите за матична евиденција и родова еднаквост

А1он

Петровска: Пристигнато е ново барање од украинска страна за воена помош во моментов се разгледува

Горан Наумовски