СДСМ: ВМРО-ДПМНЕ и Груевски се фатени дека лажат за инвестиции

Од:

„ВМРО-ДПМНЕ и Никола Груевски се фатени како лажат за инвестиции коишто во реалноста никогаш не се реализираат.

Премиерот во заминување, Никола Груевски, треба да одговори пред граѓаните за сите лажни, виртуелните индустриски зони и виртуелни инвестиции коишто со години се само празни ливади.

Во 2012 година Груевски најавуваше изградба на индустриска зона во Гевгелија, локалитет Прдејци. После цели три години наместо индустриска зона зјае празна ливада.

Наместо индустриска зона Опаленик, кај Крушево, 7 години стои празна ливада како симбол на лажните, виртуелни инвестиции на Никола Груевски.

Виртуелните инвестиции и лажните зони не се само празни ливади, туку на нив има и ѓубре.

На местото на виртуелната индустриска зона Мауцкер, во Охрид, има депонија!

Ја нема ниту фабриката за печурки во Свети Николе, ниту фабриката за ветерници во тетовско…. Груевски излажа и за италијанската Орланди, турски Шишеџам, Хајер и Тривју, индиската Мадерсон, француската Монтипе, израелската Газит Глоуб, Еуро Италија, Искра Словенија, Биротекник Отомотив, Грудхост од Данска…

Единствените реални „инвестиции“ на Никола Груевски, кумот Ставрески и братучедот Мијалков се парцелите на Водно, мерцедесот од 600 илјади евра, очилата од 60 илјади долари, провизиите, тендерите за споменици вредни 630 милиони евра…

Во реалноста ниту имаа странски инвестиции ниту има нови работни места. Корупцијата во изминатите години однесе многу работни места и избрка многу странски инвестиции.

Граѓаните знаат дека По изборите на 24-ти април, по победата на СДСМ Македонија ќе и каже збогум на корупцијата и ќе се отвори патот за вистински инвестиции и вистински нови работни места“, се вели во соопштението на СДСМ.

Би можело да ве интересира

СДСМ: Дизелот над 100 денари – четврто поскапување за еден месец и нов удар врз семејниот буџет

СДСМ: Избори ќе закаже кога ќе снема пари – Ние нема да му бидеме алиби, но граѓаните ќе му бидат сведоци

Горан Наумовски

СДСМ: Мицкоски си ја крои статистиката – граѓаните ја гледаат во продавница

СДСМ: Орце Ѓорѓиевски чита календар за прскање, а Скопје брои четири починати

Реакција на Ѓорѓиевски: Повторно гледаме обид сериозна здравствена тема да се претвори во дневнополитичка пресметка

ВМРО-ДПМНЕ: Ние работиме, СДСМ се дави во сопствениот хаос и лаги

Горан Наумовски