НАСА објави нови фотографии во боја на „џуџестата планета“ Плуто кои се најдетални досега.
Фотографиите се направени со телескопската камера на сондата „Њу Хорајзон“ на 14 јули годинава. Експертите успешно го составија мозаикот од црно-бели фотографии со висока резолуција и им додадоа боја.
На површината на Плутон се гледаат кратери, високи планини и ледени блокови.
– Погледот од блиску на овој свет раскажува неверојатна приказна за потеклото на Сончевиот систем и неговите работи, пушува на веб страницата на НАСА.
Сондата „Њу Хорајзон“ за прв пат ги истражува џуџестите планети како Плутон и телата во Кујперовиот појас.