ВМРО-НП: Владата на РМ продолжува со нетранспарентен начин на објавување на тендерите

Од:

„ВМРО-Народна партија активно ја следи политиката на Владата на Р.Македонија во поглед на јавните тендери и набавки. За жал и покрај бројните критики што оваа влада ги претрпи, таа ништо не направи од своја страна за поголема транспарентност, но и поголема заштеда на буџетските средства. Во тој контекс, ќе наведеме два примера:

Министерството за одбрана пред еден месец распиша тендер за изградба на станбена зграда за потребите на офицерскиот кадар. Потоа истиот тендер го повлече, за да деновиве повторно го објави со единствена измена, со дополнителен услов фирмите кој ќе се јават на тендерот, да имаат едногодишен обрт на средства од 5 милиони евра. Сакаме да прашаме, колку фирми во Р.Македонија можат да се пофалат со толку голем обрт на средства? Зошто има потреба од толку висок финансиски праг за учество на тендерите? Зарем не е доволно градежните фирми да ги имаат потребните лиценци и да имаат позитивен биланс за минатата година, што како критериуми ги има утврдено токму оваа Влада?

Со вакви дискриминаторски услови прашуваме, која успешна фирма што не остварила обрт од 5 милиони евра ќе може да се развива и со нови вработувања да ја проширува својата дејност, а е вештачки спречена да учествува на поголеми тендери.  Дали повторно ќе го гледаме циркусот кој го видовме при тендерот од Министерството за образование за изградба на двата факултети, кога имавме парадоксална ситуација во однос на улогата на тедерот, фирмите учеснички наместо да ја намалат вредноста на тендерот, се натпреваруваа која повеќе ќе ја покачи вредноста на понудата.

Тука е и вториот пример кој сакаме да и го соопштиме на македонската јавност дека пред неколку дена беше потпишан договор за изградба на двата факултети во вредност од 20 милиони евра.

ВМРО-Народна партија јавно сака да му соопшти на истото Министерство, дека ја имаме кај нас понудата од фирма која е подготвена да го потпише истиот договор за сума од 13 милиони евра. Значи, со комплетно истиот договор, Министерството има прилика да заштеди 7 милиони евра од буџетот и со заштедените средства да изгради уште 3 станбени згради плус договорената од горе споменатиот тендер, во касарната Илинден за потребите на офицерите.

ВМРО-Народна партија  жали што Владата на Р.Македонија и натаму продолжува со ваквиот нетранспарентен начин со објавување на тендерите“, се вели во соопштението на ВМРО-НП.

Би можело да ве интересира

Азизи: Владата вонредно заседаваше, донесена одлука да се позајмат на градот Скопје дел од нафтените резерви на државата

Град Скопје: Ја поздравуваме одлуката на Владата

Нафта од државните резерви за Градот Скопје за решавање на проблемот со автобусите

Вонредна седница на Владата за проблемот со јавниот превоз во Скопје

Левица: Трошокот за унгарски кредит Владата го префрла врз грбот на гараѓаните

Катерина Ѓуровски

Меџити: Нема логика за предвремени избори кога има стабилна влада