Во кошаркарската Евролига синоќа беше комплетирано 9. коло од натпреварите по групите и уште три екипи обезбедија пласман во ТОП 16 фазата. Тоа синоќа го направија Химки, Цедевита и Панатинаикос. Така останаа само три празни места (две во групата А и едно во групата Д).
Во игра (за нок аут фазата) останаа и европскиот шампион Реал Мадрид и поранешниот првак на Европа Макаби, но ќе мора најпрвин да победат во дуелите од последното коло.
Со победата над Црвена Звезда, Фенербахче го потврди првото место во групата. Македонскиот интернационалец Перо Антиќ во дресот на Фенербахче постигна 12 поена против својот поранешен тим Црвена Звезда.
Резултати од 9. коло:
А група: Баерн – Реал Мадрид 67:86, Стразбур – Химки 69:78, Фенербахче Црвена Звезда 79:61.
Табела: Фенербахче 7-2 (победи-порази), Химки 5-4, Баерн 4-5, Реал Мадрид 4-5, Црвена Звезда 4-5, Стразбур 3-6.
Б група: Анадолу Ефес – Лаборал 95:86, Лимож – Олимпијакос 67:76, Цедевита – Емприо Армани 82:85.
Табела: Олимпијакос 8-1, Анадолу Ефес 5-4, Лаборал 5-4, Цедевита 4-5, Емприот Армани 3-6, Лимож 2-7.
Ц група: Каршијака – Локомотив Кубан 78:88, Барселона – Жалгирис 88:92, Панатинаиос – Зиелона Гора 82:51.
Табела: Локомотив Кубан 7-2, Барселона 6-3, Жалгирис 5-4, Панатинаикос 5-4, Зиелона Гора 2-7, Каршијака 2-7.
Д група: Макаби – Бамберг 85:65, Динамо Сасари – Малага 65:77, ЦСКА Москва – Дарушафака 94:66.
Табела: ЦСКА Москва 8-1, Малага 7-2, Бамберг 5-4, Дарушафака 4-5, Макаби 3-6, Динамо Сасари 0-9.