Шефот на Microsoft, Стив Балмер, изјави дека од петокот и претставувањето на Windows 8, забележале повеќе од 4 милиони надоградби на новиот оперативен систем
Преминувањето на “осумката” е побрзо од што беше случајот со претходните верзии на Windows, но и пониската цена (40 долари за надоградба), најверојатно е еден од важните фактори за преминувањето.
Шефот на Microsoft, Стив Балмер, изјави дека од петокот и претставувањето на Windows 8, забележале повеќе од 4 милиони надоградби на новиот оперативен систем.
Како што пренесува “Ars Technica”, тоа е побрзо од брзината со која луѓето преминуваа на Windows 7, но треба да се напомене дека “седумката” беше и поскапа.
Надоградбата на Windows 8 Pro, на интернет чини 40 долари, а дел од корисниците кои од Јуни купиле компјутер со Windows 7 ќе можат да ја добијат надоградбата за 15 долари.
Балмер на конференцијата BUILD додаде и дека на големо се работи на опремувањето на Windows Store продавницата за апликации, а ветија и дека до Јануари ќе имаат 100.000 апликации на понуда.