МЗТ Скопје подобар од Куманово во дербито на колото

Од:

Кошаркарите на македонскиот шампион МЗТ Скопје Аеродром ја постигнаа и осмата победа во првенството откако во последниот дуел од 9.коло на домашен терен го совладаа Куманово со 92:68.

Првиот дел МЗТ Скопје го доби минимално со 40:39, но затоа во вториот дел домашните кошаркари беа подобри со 52:29. Најефикасни на дуелот беа Ѓорѓе Дреновац со 23 поени и Немања Протиќ со 20 поени, а екипата на МЗТ Скопје постигна вкупно 12 тројки. Кај Куманово најпрецизен беше Бојан Трајковски со 17 поени.

На другите дуели од ова коло беа постигнати следниве резултати: Бест – Работнички 56:80, Фени Индустри – Кожув 86:67 и Карпош Соколи – Струмица 87:68.

Табела: МЗТ Скопје А. 8-1 (победи-порази), Карпош Соколи 8-1, Фени Индустри 5-4, Кожув 5-5, Работнички 4-5, Куманово 4-5, Струмица 2-6, Бест 0-9.

Би можело да ве интересира

Ефес го “прегази“ Макаби

Предраг Петровиќ

Шокантна одлука во НБА, има 21 година и се пензионира

Предраг Петровиќ

Најнов „пресек“: ФИБА ја објави ранг листата – Србија втора во светот

Предраг Петровиќ

Мицкоски: Награда од три милиони денари за кошаркарите кои освоија злато на Европското првенство

Летонците и го украдоа првото место на Србија – нова шлаканица за САД

Немирна ноќ во Берлин – тепачки меѓу навивачите на Панатинаикос и Олимпијакос