Анкетната комисија за прислушувањето ќе сослушува сведоци

Од:

Анкетната комисија за скандалот со прислушувањето денеска на седница треба да ги сослуша сведоците.

Повикани пред Комисијата да сведочат се премиерот и лидер на ВМРО-ДПМНЕ Никола Груевски, вицепремиерот и министер за финансии Зоран Ставрески, поранешните министри за внатрешни работи и за транспорт и врски, Гордана Јанкулоска и Миле Јанакиески, поранешниот директор на ДБК Сашо Мијалков и шефот на кабинет на премиерот Мартин Протоѓер. Тие треба да ја информираат Комисијата кога во периодот од 9 до 15 декември ќе можат да сведочат.

На листата на сведоци на ВМРО-ДПМНЕ беа премиерот Груевски, вицепремиерот Ставрески и поранешната министерка Јанкулоска, додека на листата на СДСМ се Мијалков, Јанакиески и Протоѓер.

Седниците на кои што ќе бидат сослушувани сведоците ќе бидат затворени за јавноста.

Анкетната комисија планот за работа со динамика на сослушување на сведоци и посета на институции го усвои минатата недела.

Предвидено е двете активности да се одвиваат паралелно од 7 декември до 22 јануари 2016 година. Според тајмингот за работа, седница за подготовка на извештајот на Комисијата е планирана за 29 јануари 2016 година. Извештајот треба да биде готов до 31 јануари.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Украина: Русија почна масовно да користи термобарични боеви глави

Горан Наумовски

Полицајци пронашле рачни бомби поставени на планинарска патека

Горан Наумовски

СБУ: Руси поставиле експлозиви во продавници во Киев, планирале терористички напад

САД: Евакуација по добиени дојави за поставени бомби

Неколку училишта и некои институции во Белград утринава добија дојави за поставени бомби

Дојави за бомби во неколку белградски училишта