Граѓани од ромската населба над Битола денеска излегоа на протест поради, како што велат, проблемите со немањето електрична енергија, објави битолската телевизија Тера.
Граѓаните кои протестираат велат дека ќе останат на патот се додека не се појават надлежните за им го решат проблемот со прекинувањето со снабдување на електрична енергија.
Ова не е прв пат да се решат на ваков чекор. Со палење на отпад го блокираат сообраќајот на магистралниот пат кој ги поврзува прилеп со Преспа, а минува над Битола. Таму беше и полицијата.