Доделeни државните награди „Св. Климент Охридски“

Од:

За остварување во областа на воспитанието и образованието наградата ја добија проф. д-р Горан Ајдински, дефектолог и проф. д-р Ратомир Грозданоски, теолог, библист и филолог, додека за остварување во областа на културата и уметноста наградата му беше доделена на Раде Силјан, поет, литературен критичар и есеист. За остварување во областа на здравството наградата ја доби доц. д-р сци. Аспазија Софијанова-педијатар. 

Наградите на добитниците на наградите им ги врачи Академик Витомир Митевски, претседател на Одборот за доделување на наградата, кој во обраќањето по овој повод говореше за делото и големото значење на „Св. Климент Охридски“.

Обраќајќи се во име на добитниците на наградите Раде Силјан, пред присутните гости меѓу кои и архипиескопот охридски и македонски г.г. Стефан, истакна дека кога се слави името и делото на Св. Климент Охридски всушност го славиме македонскиот духовен и историски континуитет низ вековите.

– На овој светол празник се навраќаме на традицијата за побргу да се препознаеме во сегашноста. Големото светиклиментово дело е препознатлив белег за Македонците, тоа е сврзното  ткиво за нашиот духовен идентитет, непроценливо богатско и наследство по кое се препознаваме како длабок народ, со длабоки корени. Климентовите наследници, писатели, доховници, светители, градители фрескосликари и резбари го продолжиле неговото дело и создавале нераскинлива историска врска, рече меѓу другото Раде Силјан.  

Оваа државна награда, изјави Аспазија Софијанова, практично е награда за целиот оној труд кој го вложуваме сите ние педијатри заедно.

– Заедно со моите колеги ми е посебно драго што ја гледам целата Детска клиника тука и дел од педијатрите кои се гордееме со тоа што можеме да направиме нешто повеќе за децата ќе ни биде дополнителен стимулс и мотив уште повеќе да вложуваме во нивниот интерес  во интерес на заштита на детското здравје, рече Софијанова.

За Ајдински чест и задоволство е да се добие наградата „Свети Климент Охридски“.
– Задоволството е уште поголемо затоа што оваа награда не се однесува само на образованието, здравството и културата. Оваа награда значи нешто повеќе, се однесува за науката, се однесува за хуманоста, тоа е нешто свето и нешто убаво, изјави Ајдински.

Би можело да ве интересира

Корчок: Се надевам дека преговарачката рамка ќе биде усвоена за време на португалското претседателство

Димитров и Османи во Брисел на средби со Борел и Лајчак

Португалското претседателство со ЕУ ќе настојува да почнат преговорите со Северна Македонија

Вицепремиерот Димитров ја потпиша Рамковната спогодба за превод на правото на ЕУ

СДСМ: Најавата на ВМРО-ДПМНЕ дека нема да го признае пописот е доказ за антидржавно и деструктивно однесување

Катерина Ѓуровски

(ВИДЕО) Пендаровски: Не смееме да ги заборавиме скапо платените лекции, мора да сме системски подготвени за следната криза