Пожар во фабриката на тутунскиот бос Сејдиу

Од:

Изгоре млинот за жито и управната зграда во фабриката за леб и бели печива “Житомел” во Куманово, сопственост на тутунскиот бос осуден во случајот “Пепел” Бајруш Сејдиу. Пожарот избувнал во 11 часот, а причинета е голема материјална штета.

-Интервениравме со 4 возила и успавме да го локализираме пожарот и да го ставиме под контрола. Зградите внатре се обложени со дрво и затоа огнот многу бргу се прошири и ја зафати покривната конструкција. Kако е предизвикан пожарот и колкава е штетата ќе утврдат надлежните служби – изјави Дејан Илиевски, командир на противпожарната единица Kуманово.

Пожарот го забележале станарите од соседните згради, кои кажуваат дека првин слушнале силна експлозија, по што почнале да летаат прозорските стакла и зградите ги опфатил густ чад.

Градоначалникот на Куманово, Зоран Дамјановски ги посети опожарените објекти и побара од надлежните да ја забразаат стечајната постапка и да ја решат сопственоста на “Житомел”.

Би можело да ве интересира

ЦУК: Гори магацин за бои и лакови во Железара

А1он

Струмичките пожарникари вчера изгаснаа два големи пожари, едниот намерно подметнат

Изгореа над 20 дуќани во трговски центар во Шуто Оризари

Горан Наумовски

(ВИДЕО) Јанчев: Левица со предлог-закон за отстранување на бизнис мотивот за подметнување шумски пожари

Изгоре трговски дуќан во Шуто Оризари, не се знае како пламна пожарот

Горан Наумовски

Од вкупно 31 пожар, три се активни, четири се под контрола