ВМРО-ДПМНЕ: СДСМ должи одговор на граѓаните зошто никогаш не бил заинтересиран за здравјето на граѓаните

Од:

ВМРО-ДПМНЕ во реакција на соопштението на СДСМ за загдувањето на воздухот наведува дека СДСМ попусто се обидува да ја манипулира јавноста и дека наместо тоа должи одговор на прашањето зошто никогаш не бил заинтерсиран за здравјето на граѓаните.
Во реакцијата стои дека за слабиот рејтинг на СДСМ не е виновно ВМРО-ДПМНЕ, туку нивната несериозност.

– Сериозна партија немаше да го игнорира загадувањето „за да не си отвори работа“ како што тоа го направи СДСМ. Затоа СДСМ немаше ниту поставено мерни станици за загаденоста на воздухот, наведува во реакцијата ВМРО-ДПМНЕ и додава дека министрите за животна средина во владите на СДСМ се познати по големото ништо што го направија за справување со проблемот со загадувањето на воздухот.

Додаваат дека за разлика од СДСМ, владата на ВМРО-ДПМНЕ го спроведе законот сите индустриски капацитети да ги осовременат своите технологии до 1-ви април 2014 година, проширија булевари во Скопје за побрз проток на сообраќајот, набавени се нови автобуси, направен е проект за гасификација….

Би можело да ве интересира

Коалициските партнери од Владата многу различно гледаат на изборниот исход во Брвеница

Кузеска: Симе не е во затвор, повторно е со Мицкоски, пуштен е да работи за ВМРО-ОКГ во Брвеница

Катерина Ѓуровски

Манасиевски: Филипче лаже за анкетите, лаже и за тоа дека има автомобил од 6.000 евра, за што уште лаже Венко

Катерина Ѓуровски

СДСМ: Истовремено соопштение на ВМРО и на Платформата 12 И 05, ист ракопис, иста порака

Катерина Ѓуровски

ФФМ под окупација, претворена во партиски штаб на ВМРО – ДПМНЕ, обвинува СДСМ

Партиите повикаа СДСМ да се врати во процесот за Изборниот законик, Шасивари ќе бара средба со Филипче