Убиен Абу Јахи Ал Либи – вториот човек на Ал Каеда

Од:

САД потврдија дека е убиен Абу Јахи Ал Либи, вториот човек на Ал Каеда после Бил Ладен. Според Белата куќа тоа е најголемиот удар на оваа терористичка мрежа во Пакистан, една година по ликвидацијата на Бил Ладен.

Неименуван извор од Вашингон за медиумите наведе дека Ал Либи е убиен и со тоа и е нанесена голема штета на терористичката организација пред се во поврзувањето со останатите групи кои соработуваат со Ал Каеда.

Ал Либи според инфорамциите е убиен при бомбардирање со беспилотен авион а чија цел биле племенските области на северозападниот дел од Пакистан. Во бомбардирањето биле убиени 15 бунтовници.

Главна цел на бомбардирањето бил Ал Либи, јави Њујорк Тајмс.

Ал Либи се смета дека беше еден од главните теоретичари на Ал Каеда и важеше за еден од предводниците на пропагандата на терористичката мрежа.

 

 

Би можело да ве интересира

Македонија се усогласи со дополнителните санкции на ЕУ за Исламска држава и Ал Каеда

Катерина Ѓуровски

Ал Каеда има нов шеф

Катерина Ѓуровски

ВИДЕО: Убиен лидерот на Ал Каеда Ајман ал-Завахири

Катерина Ѓуровски

Лидерот на Ал Каеда, Ајман ал Завахри, ги обвини САД за војната во Украина

Ана Ололовска

Десет членови на Ал Каеда избегаа од затвор во Јемен

А1он

Висок лидер во Ал Каеда убиен во американски напад со дрон во Сирија

Катерина Ѓуровски