Левица ја прифаќа поканата на КИРМ

Од:

„По одржаната прес-конференција на претставниците на Иницијативниот одбор за формирање на политичката партија „ЛЕВИЦА“, на ден 5 декември 2015 година, која предизвика огромен интерес во јавноста, како и по добиената возвратна покана за средба меѓу Комората на извршители на РМ (КИРМ) и претставници на нашиот правен тим – сакаме да ја известиме јавноста дека ЛЕВИЦА ја прифаќа оваа јавно упатена покана и позитивно ќе одговори на истата, со цел предлагање активни мерки за надминување на натрупаните проблеми во врска со неправичното присилно извршување кое безмилосно се спроведува врз неимотните граѓани.

Притоа, би сакале да дадеме до знаење дека на првата средба, која би преферирале да биде отворена за јавноста и за медиумите, би побарале итно и неодложно изменување на: Законот за извршување, Законот за парнична постапка, Законот за судски такси и Законот за облигациони односи.

Поконкретно, сетот мерки кои ги предлагаме и за кои ќе бараме Комората, во нивните понатамошни преговори, да му ги предочи на Министерството за правда се следниве:

1. Забрана за тужење на граѓаните од страна на компаниите кои пружаат јавни услуги (струја, вода, греење, телевизија, интернет и телефонија) сè додека не се соберат кумулативно шест последователни неплатени сметки за комуналии;
2. Забрана за самоволно исклучување на потрошувачите од дистрибутивните мрежи – без претходна правосилна и извршна судска одлука;
3. Забрана на анатоцизам, односно плаќањето камати на камати, со автоматско престанување на течењето на каматите, по сила на закон, кога тие ќе го достигнат износот на главниот долг;
4. Фиксирање на износот на судските такси и трошоци на максимум една петина од главницата на спорот;
5. Проширување на листата на парични приходи врз кои не смее да се извршува, т.е. забрана за присилна наплата од минимална плата и пензија; и
6. Скратување на рокот на застареност на правосилните и извршни судски одлуки од десет на пет години“, се вели во соопштението на Левица.

Би можело да ве интересира

Левица: Владата ветуваше олеснување, Македонија остана на американската визна листа

ВМРО-ДПМНЕ: СДС се препозна како „талогот“ и работи во координација со странски центри

Левица: Во изминатите три децении и СДСМ и ДПМНЕ постепено ја испразнија и обезличија асномската идеја

А1он

Левица: Бид Бук не е дозвола за набавка без тендери туку проектна апликација – Мицкоски ја манипулира јавноста за „Скопје 2028“

(ВИДЕО) Станкоска: Хаосот со исплатата на породилните надоместоци продолжува

Горан Наумовски

Левица обвинува: Наместо одговорност, Клековски добил унапредување по ревизорските забелешки

Горан Наумовски