Опозицијата победи на изборите во Венецуела, Мадуро го призна поразот на неговата партија

Од:

Опозициската Коалиција за демократско единство победи на парламентарните избори во Венецуела, информираа светските агенции, повикувајќи се на се уште нецелосните резултати соопштени од Централната изборна комисија.

Во еднодомниот 167-член Парламент опозицијата ќе има 99 места, а Единствената социјалистичка партија на Венецуела – 46 места.

Се очекуваат резултатите од уште некои места во кои и натаму се бројат гласовите, но тие нема суштински да го сменат распоредот на силите.

За првпат во последните 16 години политичките опоненти на чавистите (следбениците на починатиот претседател Уго Чавес) со освојуваат мнозинството во законодавниот дом.

Претседателот Николас Мадуро го призна поразот на неговата владеачка гарнитура во земјата.

Аналитичарите претпоставуваат дека претседателот може да се обиде да ги ограничи надлежностите на Парламентот по историската победа на опозицијата со ризик да предизвика масовни протести во земјата, забележуваат француските медиуми.

Новиот состав на Националното собрание на Венецуела ќе почне со работа во јануари 2016 година.

Би можело да ве интересира

Шест странци уапсени во Венецуела за наводен заговор на ЦИА за убиство на Мадуро

Чистка во Венецуела: Сменети се сите кои одлучуваат за нафтата

Мадуро одлучи: Божиќ ќе се слави на 1 октомври

Горан Наумовски

(ВИДЕО) Членови на Вагнер забележани во Венецуела: „Каде и да одат носат смрт“

Венецуелската опозиција го обвини Мадуро за киднапирање по апсењето на пратеникот

Демонстрантите во Венецуела ја урнаа статуата на Уго Чавез: Насилни протести по претседателските избори

Горан Наумовски