Повисоки пензии од февруари

Од:

Министерот за труд и социјална политика Спиро Ристовски на денешната прес-конференција најави дека сите пензионери во Македонија од февруари наредната година ќе добијат покачување на пензиите во износ од околу 550 денари.

„Владата усвои предлог измени на Законот за пензиско и инвалидско осигурување.

– Со нив се предлага дополнително усогласување на пензиите кое ќе се изврши на начин што исплатата на пензиите за февруари 2013-та година ќе се зголеми за 5 проценти и така добиениот износ ќе се подели со вкупниот број на корисниците на пензија.

– Дополнителното усогласување од 5 проценти ќе ги опфати корисниците на пензија коишто се стекнале со право на пензија заклучно со февруари 2013-та година“, изјави Ристовски.

Покачувањето од 5 проценти ќе се реализира, откако на почетокот на 2013 година пензиите ќе се усогласат со порастот на платите и трошоците за живот, со кое пензиите ќе се зголемат за 2 проценти, што би значело дека пензиите ќе се зголемат за околу 7 проценти.

Би можело да ве интересира

Пензионерите од денеска со повисоки пензии за 2500 денари

Собранието ги усвои законските измени за линеарно зголемување на пензиите

СДСМ: Mицкоски ги излажа пензионерите, нема зголемување на пензиите за 5.000 денари како што ветуваше

АНАЛИЗА: Бројот на пензионери ќе се зголемува, притисокот врз ПИОМ ќе расте

Предраг Петровиќ

АНАЛИЗА: Пензискиот фонд не може да “живее“ без буџетски трансфери

Предраг Петровиќ

Пензионерите бараат нов Закон за пензиите со кој минималната пензија ќе изнесува 70 отсто од минималната плата