ВМРО-ДПМНЕ: СДСМ сака Македонија да не ги враќа долговите направени во нивно време

Од:

СДСМ не само што не сака Македонија да не е задолжена, туку сака Македонија да не ги враќа своите долгови направени во време на СДСМ. СДСМ е против поголеми плати и пензии, против инвестиции во инфраструктурата, против е , за се што значи прогрес, наведува во реакцијата ВМРО – ДПМНЕ на соопштението од СДСМ во врска со враќањето на долговите од 2005 година.

Од ВМРО – ДПМНЕ потсетуваат дека СДСМ ниту има донесено една странска инвестиција, ниту поздрави барем една од повеќе од 50-те странски инвестиции кои ги донесе оваа влада.

– СДСМ не го поздрави извештајот на Светска Банка во кој Република Македонија е 12-та дестинација со најдобри услови за бизнис во светски рамки. Не го поздрави извештајот на Еуростат според кој Македонија е 4-та најмалку задолженна земја во Европа, се вели во реакцијата.

Би можело да ве интересира

Коалициските партнери од Владата многу различно гледаат на изборниот исход во Брвеница

Кузеска: Симе не е во затвор, повторно е со Мицкоски, пуштен е да работи за ВМРО-ОКГ во Брвеница

Катерина Ѓуровски

Манасиевски: Филипче лаже за анкетите, лаже и за тоа дека има автомобил од 6.000 евра, за што уште лаже Венко

Катерина Ѓуровски

СДСМ: Истовремено соопштение на ВМРО и на Платформата 12 И 05, ист ракопис, иста порака

Катерина Ѓуровски

ФФМ под окупација, претворена во партиски штаб на ВМРО – ДПМНЕ, обвинува СДСМ

Партиите повикаа СДСМ да се врати во процесот за Изборниот законик, Шасивари ќе бара средба со Филипче