Парламентарни избори во Венецуела

Од:

Во Венецуела денеска ќе се одржат избори за Национално собрание, а анкетите покажуваат дека најверојатно ќе победи опозицијата, првпат од 1998 година.

Според некои медиуми, опозицијата дури може да се надева и на две третини мнозинство.
Во корист на опозицијата, според експертите,  оди масовното незадоволство од курсот по кој се движи земјата. Последните анкети на истражувачкиот центар „Пју” покажуваат дека околу 85 отсто од жителите не ја одобруваат политиката на денешните власти. И незадоволството е доста зголемено во споредба со 2013 година, кога почина претходниот претседател Уго Чавез.

Само 14 отсто од испитаниците се задоволни од животот во земјата. Поддршка за активностите на сегашниот венецуелски лидер Николас Мадуро изразуваат 29 проценти, а неодобрување – 67 проценти.

Венецуелците се вознемирени главно од економската ситуација во земјата, инфлацијата, поскапувањето, недостатигот на работни места и недостигот на стоки за основните потреби, се истакнува во извештајот центарот „Пју”.

Во сегашниот парламент социјалистите на претседателот Мадуро располагаат со 99 места од вкупно 167.

Би можело да ве интересира

Шест странци уапсени во Венецуела за наводен заговор на ЦИА за убиство на Мадуро

Чистка во Венецуела: Сменети се сите кои одлучуваат за нафтата

Мадуро одлучи: Божиќ ќе се слави на 1 октомври

Горан Наумовски

(ВИДЕО) Членови на Вагнер забележани во Венецуела: „Каде и да одат носат смрт“

Венецуелската опозиција го обвини Мадуро за киднапирање по апсењето на пратеникот

Демонстрантите во Венецуела ја урнаа статуата на Уго Чавез: Насилни протести по претседателските избори

Горан Наумовски