Во вторник се враќа еврообврзницата од 2005, за камати исплатени 69 милиони евра

Од:

Во втроник ќе се исплатат 150 милиони евра за еврообврзницата 2005, за која се исплатени 69 милиони евра камата, информира вицепремиерот и министер за финансии Зоран Ставрески.
Според него, Македонија е сериозна држава и навреме ќе ги врати парите. Владата одговорно управува со јавните финансии и со сервисирањето на обврските, навремено се раздолжува со што остава добар впечаток кај инвеститорите.

– Доспева за плаќање 10-годишната еврообврзница што е издадена во 2005 година, во износ од 150 милиони евра. За таа еврообврзница во вторник ќе платиме уште 6 милиони евра камата. Низ годиниве имаме платено уште 63 милиони евра камата, значи вкупно за 10 години за таа обврзница како држава имаме платено 69 милиони евра камата, и плус 150-те милиони што ќе ги вратиме. Тоа е значителен износ на средства, но тоа се обврски кои ги направила една влада и секоја следна влада којашто се однесува одговорно и сериозно мора да ги сервисира тие обврски, да им ги врати парите на инвеститорите кои тогаш ја запишале таа еврообврзница, посочува Ставрески.

Би можело да ве интересира

Корчок: Се надевам дека преговарачката рамка ќе биде усвоена за време на португалското претседателство

Димитров и Османи во Брисел на средби со Борел и Лајчак

Португалското претседателство со ЕУ ќе настојува да почнат преговорите со Северна Македонија

Вицепремиерот Димитров ја потпиша Рамковната спогодба за превод на правото на ЕУ

СДСМ: Најавата на ВМРО-ДПМНЕ дека нема да го признае пописот е доказ за антидржавно и деструктивно однесување

Катерина Ѓуровски

(ВИДЕО) Пендаровски: Не смееме да ги заборавиме скапо платените лекции, мора да сме системски подготвени за следната криза