Во кошаркарската Евролига синоќа беше комплетирана осмата рунда по која продолжува неизвесноста за пласман во следната фаза. Ова посебно се однесува на А-групата од која Фенербахче обезбеди учество во ТОП 16, а шанса да одат понатаму имаат и другите пет екипи.
Резултати и табели по 8.коло:
А група: Реал Мадрид – Фенербахче 80:73, Црвена Звзезда – Химки 96:91 и Стразбур – Баерн 69:82.
Табела: Фенербахче 6-2 (победи-порази), Химки 4-4, Баерн 4-4, Црвена Звезда 4-4, Реал Мадрид 3-5 и Стразбур 3-5.
Б група: Цедевита – Анадолу Ефес 75:81, Лаборал – Лимож 92:56, Олимпијакос – Емпорио Армани 73:63.
Табела: Олимпијакос 7-1, Лаборал 5-3, Анадолу Ефес 4-4, Цедевита 4-4, Емпорио Армани 2-6, Лимож 2-6.
Ц група: Жалгирис – Каршијака 74:52, Локомотив Кубан – Зиелона Гора 51:66 и Панатинаикос – Барселона 93:86.
Табела: Барселона 6-2, Локомотив Кубан 6-2, Панатинаикос 4-4, Жалгирис 4-4, Зиелона Гора 2-6 и Каршијака 2-6.
Д група: Динамо Сасари – Макаби 74:76, Бамберг – ЦСКА Москва 88:100. Дарушафака – Уникаха 63:57.
Табела: ЦСКА Москва 7-1, Уникаха 6-2, Бамберг 5-3, Дарушафака 4-4, Макаби 2-6, Динамо Сасари 0-8.