А1он

  • Почетна
  • Македонија
  • Економија
  • Регион
  • Свет
  • Магазин
  • Спорт
  • Култура
  • Видео
InstagramTelegram
А1он
Од: А1он
Македонија

МИА коментира: ЕУ стои зад предлогот на Ванхуте за медиумски закон

by А1он04/12/2015 - 14:41120
Share0

Државната агенција МИА коментира дека Европската комисија очигледно стои зад предлогот на посредникот на Европската унија во разговорите за носење на нов медиумски закон во Македонија, Питер Ванхуте, со кој според дел од новинарските здруженија во земјата и партијата ВМРО-ДПМНЕ, се нудат решенија какви што нема во ниту една европска држава.

Следете a1on на Instagram Instagram

Како што јавува дописникот на МИА од Брисел, портпаролката на Еврокомисијата, Маја Коцијанчич, на прашањето за ставот на официјален Брисел за предлогот на Ванхуте, што е спротивен на ЕУ-законите, но и неговиот став дека „Македонија таков не заслужува оти Македонците немаат европски менталитет”, дала одговор, со кој, според МИА, се стави во одбрана на олеснувачот на Унијата во Република Македонија.

„Ние работиме со политичките лидери за да се унапреди имплементацијата на план за кој тие самите се согласија и го усвоија и веруваме дека имплементацијата е апсолутно круцијална и затоа ангажиравме бројни алатки за поддршка на оваа имплементација. Работата се одвива, времето е тесно и многу јасно и работата на ова треба да продолжи. Истото важи и за реформските приоритети, што се апсолутно потребни за да се оди наред за бенефит на земјата. А, за тоа што го велите, нема да шпекулирам за детали од работата што се одвива, но, се разбира, ние се грижиме за работа која ја правиме како ЕУ, со целосно почитување на правилата и стандардите“, гласи ставот на гласноговоничката на неформалната влада на ЕУ, објави МИА.

eumediumi

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) „Цела Европа ќе гори, опасноста се движи кон исток“: Алармантно предупредување од Одделот на ЕУ за вонредни ситуации

Горан Наумовски30/07/2026 - 13:51

ЕУ го повика Иран да ја прекине воената поддршка за Русија

Горан Наумовски29/07/2026 - 21:31

Арбен Фетаи е именуван за специјален пратеник за Европска Унија

Горан Наумовски29/07/2026 - 19:12

Гатилов: Европа создава свој нуклеарен штит поради сомневања за САД

Горан Наумовски27/07/2026 - 22:18

„Фајненшл тајмс“: ЕУ размислува да се откаже од големите пакет – санкции против Русија

Горан Наумовски27/07/2026 - 22:18

Исландската опозиција ѝ порача на ЕУ: Не се мешајте во нашиот референдум

Горан Наумовски27/07/2026 - 19:21
FacebookLike
TwitterFollow
InstagramFollow
YoutubeSubscribe

НАЈЧИТАНИ.

  • Facebook
  • Twitter
  • Instagram
  • Youtube
  • Импресум
  • Контакт
  • Маркетинг
  • Услови за користење

@2019 - A1on. Сите права задржани.

@2019 - A1on. Сите права се задржани
А1он
InstagramTelegram
  • Почетна
  • Македонија
  • Економија
  • Регион
  • Свет
  • Магазин
  • Спорт
  • Култура
  • Видео