СДСМ: Народна банка ги потврди виртуелните инвестиции на Груевски

Од:

„Според официјалните податоци на Народна банка, во третиот квартал од оваа година, во Република Македонија влегле само 8,5 милиони евра странски инвестиции.

Со објавувањето на овој најнов податок, Народна банка и официјално ги потврди виртуелните странски инвестиции на Никола Груевски со коишто виртуелно се расфрла пред заминување.

Единствените реални „инвестиции“ на Никола Груевски се парцелите на Водно, мерцедесот од 600 илјади евра, очилата од 60 илјади долари, провизиите, тендерите за споменици вредни 630 милиони евра…

Во реалноста ниту имаа странски инвестиции ниту има нови работни места. Корупцијата во изминатите години однесе многу работни места и избрка многу странски инвестиции.

Граѓаните знаат дека Груевски излажа и за италијанската Орланди, турски Шишеџам, Хајер и Тривју, индиската Мадерсон, француската Монтипе, израелската Газит Глоуб, Еуро Италија, Искра Словенија, Биротекник Отомотив, Грудхост од Данска…“, се вели во соопштението на СДСМ

Би можело да ве интересира

Каранфилова-Пановска: Убедена сум дека ќе го вратиме угледот, поддршката и победите на СДСМ

Конгресот го избра новиот состав на Централниот одбор на СДСМ

А1он

Фани Каранфилова Пановска е нов заменик претседател на СДСМ

А1он

Филипче: ВМРО-ДПМНЕ секогаш биле и ќе останат политички „кукавици“

А1он

(ВИДЕО) Филипче: Денешниот конгрес е нов почеток, нова борба, нова надеж дека можеме да ја вратиме партијата на победнички патеки

А1он

СДСМ денеска на конгрес ќе ги избира највисоките тела на партијата

А1он