Реал Мадрид ги задржа шансите за пласман во ТОП 16 во кошаркарската Евролига

Од:

Актуелениот европски шампион во кошарка, екипата на Реал Мадрид со синоќашната победа со 80:73 на домашен терен над Фенербахче, ги задржа шансите за пласман во следнта фаза (ТОП 16) од кошаркарската Евролига.

Најефикасен на дуелот беше гостинскиот играч Јан Весели со 20 поени, додека кај Реал Серхио Љуљ постигна 17 поени. Инаку, шампионот беше на чекор до елиминација бидејќи само со победа ќе останеше во игра, а на полувреме губеше со девет поени разлика (36:45).

По некомплетното осмо коло пласман во следната фаза имаат обезбедено екипите: Фенербахче (А група), Олимпијакос (Б група), Барселона и Локомотив Кубан (Ц група), ЦСКА Москва, Уникаха и Бамберг (Д група).

Двојки за осмото коло и табели:

А група: Реал Мадрид – Фенербахче 80:73, Црвена Звзезда – Химки и Стразбур – Баерн играат вечерва.

Табела: Фенербахче 6-2 (победи-порази), Химки 4-3, Баерн 3-4, Црвена Ѕвезда 3-4, Стразбур 3-4, Реал Мадрид 3-5.

Б група: Цедевита – Анадолу Ефес 75:81, Лаборал – Лимож 92:56, Олимпијакос – Емпорио Армани 73:63.

Табела: Олимпијакос 7-1, Лаборал 5-3, Анадолу Ефес 4-4, Цедевита 4-4, Емпорио Армани 2-6, Лимож 2-6.

Ц група: Жалгирис – Каршијака 74:52, Локомотив Кубан – Зиелона Гора и Панатинаикос – Барселона играат вечерва.

Табела: Барселона 6-1, Локомотив Кубан 6-1, Жалгирис 4-4, Панатинаикос 3-4, Каршијака 2-6, Зиелона Гора 1-6.

Д група: Динамо Сасари – Макаби 74:76, Бамберг – ЦСКА Москва 88:100. Дарушафака – Уникаха играат вечерва.

Табела: ЦСКА Москва 7-1, Уникаха 6-1, Бамберг 5-3, Дарушафака 3-4, Макаби 2-6, Динамо Сасари 0-8.

Би можело да ве интересира

Тотал ТВ ќе ги пренесува натпреварите од Евролигата и во следните пет години

Ана Ололовска

Таварез сака да игра на СП – Ќе лета 12 часа за да им помогне на Зеленортските острови

Евролигата одложи осум натпревари поради коронавирусот

А1он

Миротиќ МВП за декември во Евролигата

Ана Ололовска

Одложени три од утрешните четири дуели во кошаркарската Евролига

А1он

Одложен уште еден натпревар во кошаркарската Евролига поради коронавирус

Ана Ололовска