Претседателот на чешкиот Парламент во посета на Македонија

Од:

Претседателот на Домот на пратеници на Парламентот на Чешката Република Јан Хамачек денеска ќе престојува во официјална посета на Македонија.

Хамачек ќе има средба со неговиот домаќин претседателот на македонското Собрание Трајко Вељаноски и ќе се обрати пред македонските пратеници.

Во тек на посетата Хамачек ќе биде примен од претседателот Ѓорге Иванов, ќе се сретне со пратеничката група за соработка со Парламентот на Чешката Република и ќе положи цвеќе пред Споменикот на чешкиот војник – Роберт Гајдик и пред Споменикот на паднатите херои за Македонија.

Во состав на чешката делагација се и Јан Бартошек, потпретседател на Домот на пратеници на парламентот на Чешката Република, како и пратениците Ладислав Велебни, Зденек Соукуп, Павел Ковачик, Ром Кострица, Марек Бенда и Марек Чернок.

Би можело да ве интересира

Петр Павел: Мора да бидеме подготвени за тоа дека САД ќе не остават на цедило

А1он

Чешка: Русија ќе се појави на границата доколку Украина ја загуби војната

Чешка Влада: Со штедење и ако биде блага зимата земјата ќе има гас до следното лето

Ана Ололовска

Руска нафта повторно се испорачува за Унгарија, Словачка и Чешка

Ана Ололовска

Средба на раководствата на македонското и чешкото Министерство за внатрешни работи

А1он

Чешко МНР: Бугарските барања во заклучоците му штетат на проширувањето на ЕУ

Жарко Настоски