МЗТ Скопје го победи Кожув и се врати на врвот на табелата

Од:

Шампионот МЗТ Скопје Аеродром славеше над Кожув со 68-59 во натпревар од Првата македонска кошаркарска лига.

Во неизвесен меч од 10.коло, кој се одигра вечерва во Гевгелија, а во кој победникот беше решен во последната четвртина, МЗТ Скопје не дозволи изненадување, па до седмата победа сезонава стигна добивајќи ја истата со 19-8.

Ѓорѓе Дреновац со учинок од 25 поени, 6 скокови и по 3 асистенции и украдени топки, беше најзабележителниот играч во победничката екипа.

За домашниот тим Мешовит постигна 20, а Американецот, Пен беше стрелец стрелец на 16 поени.

Со оваа победа, МЗТ Скопје се врати на водечката позиција на табелата со 15 бодови колку што има и второ пласираниот тим на Карпош Соколи.

Екипата на Кожув е на третото место со бод помалку, а по неа следуваат: Фени Индустри 12, Куманово 12, Работнички 10, Струмица 9 (-1) и Бест 8.

Би можело да ве интересира

Ефес го “прегази“ Макаби

Предраг Петровиќ

Шокантна одлука во НБА, има 21 година и се пензионира

Предраг Петровиќ

Најнов „пресек“: ФИБА ја објави ранг листата – Србија втора во светот

Предраг Петровиќ

Мицкоски: Награда од три милиони денари за кошаркарите кои освоија злато на Европското првенство

Летонците и го украдоа првото место на Србија – нова шлаканица за САД

Немирна ноќ во Берлин – тепачки меѓу навивачите на Панатинаикос и Олимпијакос