Серена Вилијамс, Бушар и Дел Потро подготвени за Австралија опен

Од:

Серена Вилијамс, Ежени Бушар и Мартин Дел Потро ќе настапат на првиот Гренд слем турнир во новата сезона, Австралија опен кој е на почетокот на следната година.

Оваа тројка тенисери веќе подолг период е надвор од тениските терени.

Најдобрата светска тенисерка, Американката, Серена Вилијамс, нема одиграно ниту еден меч се од септември кога беше поразена во полуфиналето на УС Опен. Разочараноста од неуспехот да се триумфира пред домашната публика Серена тешко го надминуваше, па реши да не игра до крајот на сезоната 2015-та. Според најавите, Серена веќе е подготвена за новите предизвици во наредната сезона 2016-та, а веќе во Мелбурн најавува атак на првата титула од четирите Гренд слем турнири, што е нејзина цел за 2016-година.

Канаѓанката Ежени Бушар во Њујорк во незгода во соблекувалната доживеа потрес на мозокот, по што мораше да направи подолга пауза и да се повлече од сите турнири до крајот на годината. Сепак, организаторите на Австралија опен потврдија дека Бушар ќе настапи на турнирот во Мелбурн.

Аргентинецот Мартин Дел Потро е без настап уште од крајот на 2013 година, од кога ја влече повредата на раката, а поради која неколку пати мораше да предаде и меч, за на крајот да се реши за операција. Неговите обиди во 2014 и 2015 година да се врати на терените завршија безуспешно. Сепак, шампионот на УС Опен од 2009-та година, е во полн тренажен процес и најавува „кам-бек’’ на средината на наредниот месец, односно, стартот на првиот Гренд слем во 2016-година, Австралија опен кој е закажан за 18 јануари.

Би можело да ве интересира

Алкараз го совлада Синер за трофејот во Пекинг

Алкараз лесно го совлада Медведев

Предраг Петровиќ

Медведев откри кој е најдобриот тенисер на планетава

Предраг Петровиќ

Шпанскиот тенисер Алкараз за 57 минути се пласираше во четвртфиналето на турнирот во Пекинг

Алкараз: „Тоа ќе не убие“

Предраг Петровиќ

ВИДЕО: Ѓоковиќ го испеа познатиот хит и најави спектакл во Бугарија со Димитров