Двочасовен предупредувачки штрајк на вработените во судската служба

Од:

Вработените во судовите денеска од 10:30 до 12:30 часот одржаа двочасовен предупредувачки штрајк со кој побараа измени на Законот за судска служба.

Според Синдикатот на работниците од управата, правосудните органи и здруженијата на граѓани (УПОЗ), одредбите од Законот којшто се применуваат од февруари годинава се несоодветни, демотивирачки и ретроактивни.

Законот, смета Синдикатот на УПОЗ, не нуди можност за напредување на постојните службеници, а голем проблем е и преземањето службеници од други институции.

Со измените на Законот за судска служба, според проценките на УПОЗ, се засегнати околу 1.400 вработени во судовите и судската полиција.

Би можело да ве интересира

Како уште се толерираат вакви судии: Четиригодишно дете наместо на мајката, со пресуда го дадоа на таткото семеен насилник

Предраг Петровиќ

Филипче: Оксиморон е со партиски протести Мицкоски да се бори против наводно партизирано судство

Џолев: Не сме тука да водиме војни, проблемите во судството се заеднички

Коалицијата „Сите за правично судење“ реагира на назначувањата во Академијата за судии и јавни обвинители

Панова: Успешно ли е кога довербата во правосудството е минорни два отсто?

Левица: Одговорност за бегството на Рамадани Владата да бара во сопствените редови