Лавров: Ќе разговарам со Чавушоглу

Од:

Рускиот министер за надворешни работи Сергеј Лавров изјави по пристигнувањето синоќа во Белград на министерската средба на ОБСЕ, дека ќе разговара со турскиот колега Мевлут Чавушоглу, објавија белградски медиуми.

– Сакаме да ја видиме турската позиција бидејќи тие бараа таква средба. Сакам  да слушнеме што ќе кажат Турците освен она што јавно го кажаа. Ќе биде тажно ако не кажат ништо ново, изјави Лавров.

Тој додаде дека и Русија има некои прашања за Турција и притоа ги негираше информациите во турски медиуми дека во разговорот со Чавушоглу на 25 ноември отфрлил користење „жешка телефонска линија“.

Би можело да ве интересира

Амбасадорите на ЕУ се согласија да стават уште четири руски медиуми на листата на санкционирани

Русија ја обвини Канада дека ги оправдува нацистичките злосторства

Песков: Белоусов e номиниран за министер за одбрана поради иновативноста и конкурентноста

(ВИДЕО) Руски медиуми: Автобус полн со луѓе падна во река во Санкт Петербург, има загинати

Горан Наумовски

(ВИДЕО) Автобус полн со патници падна во река во Санкт Петербург

Горан Наумовски

Заменик-министерот за одбрана на Русија обвинет за поткуп од една милијарда рубли

Горан Наумовски