Иранските власти сметаат дека средбата во Ријад на претставници на сириската опозиција може да доведе до неуспех на мировните преговори, во кои учествуваат западни и блискоисточни земји, изјави иранскиот заменик министер за надворешни работи Хосеин Амир Абдолахиан.
– Мировните преговори се можност да се најде политичко решение за прекин на војната во Сирија. Такви средби во Ријад имаат за цел да им наштетат на Виенските преговори и не се дел од Виенскиот договор, истакна Абдолахиан.
Саудиска Арабија, која е сунитски противник на Иран, покани 65 сириски опозиционери на средба во Ријад во обид да ги зближи спротивставените групи пред следниот круг мировни преговори за Сирија.