Проект за подобрување на образовните можности за децата со пречки во видот

Од:

Презентација и дискусија во врска со потребата за подобрување на можностите за образование на децата со пречки во видот се одржа денеска во Универзитетот на Југоисточна Европа, во рамки на проектот на УСАИД и Лајонс клуб меѓународната фондација  за децата со пречки во видот.

Преку проектот, се наведува во соопштението на УСАИД, се отворени и опремени пет ресурсни центри во Скопје, Тетово, Битола, Штип и Велес со помош на технологија и материјали за читање за децата со пречки во видот и обучени се дефектолози за давање дополнителни часови за деца со пречки во видот.

Директорот на УСАИД, Џејмс Стајн истакна дека пристапот до квалитетно образование е универзално човеково право.

– Не смееме да заборавиме дека лицата со попреченост се лица со многу способности и треба да ги имаат истите можности како и секој друг. Помошта да им ги обезбедиме тие можности е она што претставува нашиот проект, рече тој.

Целта на оваа 30-месечна иницијатива е да се зголеми квалитетот и пристапот до образовни услуги за децата со пречки во видот, со посебен акцент на писменоста. Досега се отпечатени 11 учебници во Браево писмо, а предвидено е сите учебници за основното училиште од 1 до 9 одделение да се конвертираат на Браево писмо на македонски, албански и турски јазик.

Во рамки на проектот тим од 15 офталмолози врши бесплатни очни прегледи за деца од предучилишна возраст во детските градинки, а во текот на летото годинава се прегледани околу 500 деца во Скопје.

Координаторот на тимот офталмолози Билјана Костовска рече дека идеалната возраст за рана детекција и превенција е помеѓу 3 и 6 години.

Набавена  е и специјална преносна медицинска опрема за да може да се вршат прегледи и во оддалечените области и помалите градови во Македонија. Сите податоци се внесуваат во електронскиот систем развиен од страна на Универзитетот на ЈИЕ, каде офталмолози, здравствени институции и болници ќе имаат пристап до статистички извештаи и податоци.

Би можело да ве интересира

Корчок: Се надевам дека преговарачката рамка ќе биде усвоена за време на португалското претседателство

Димитров и Османи во Брисел на средби со Борел и Лајчак

Португалското претседателство со ЕУ ќе настојува да почнат преговорите со Северна Македонија

Вицепремиерот Димитров ја потпиша Рамковната спогодба за превод на правото на ЕУ

СДСМ: Најавата на ВМРО-ДПМНЕ дека нема да го признае пописот е доказ за антидржавно и деструктивно однесување

Катерина Ѓуровски

(ВИДЕО) Пендаровски: Не смееме да ги заборавиме скапо платените лекции, мора да сме системски подготвени за следната криза