ВМРО-ДПМНЕ ја осуди изјавата на Заев за медиумите

Од:

ВМРО-ДПМНЕ во реакција на прес-конференцијата на претседателот на СДСМ Зоран Заев побара опозициската партија и нејзиниот лидер „да ги остават банките и медиумите и да престанат со закани кон секој што не ја споделува нивната деструктивност“.

ВМРО-ДПМНЕ го осудува денешниот обид на Зоран Заев и СДСМ, се вели во реакцијата, да ја укинат слободата на говор прогласувајќи ги медиумите за непријатели и да ја укинат слободата на деловно одлучување со закани и предупредувања кон банките кои би учествувале во аукцијата на државните записи“.

Според ВМРО-ДПМНЕ, Заев и СДСМ денеска манифестирале невидена дрскост и деструктивност и се обиделе да им се одмаздат на земјоделците, пензионерите, социјалните случаи и другите категории  граѓани преку директно мешање во деловната политика на банките.

– Тие им се заканија на банките дека мора да го следат диктатот од Бихаќка бидејќи партијата имала во иднина и други механизми како да ја влијае врз нивното работење, наведува ВМРО-ДПМНЕ во реакција на прес-конференцијата на претседателот на СДСМ Зоран Заев.

ВМРО-ДПМНЕ оценува дека СДСМ функционира единствено со максимата „колку полошо за државата и граѓаните, толку подобро за СДСМ“. Република Македонија,  истакнува ВМРО-ДПМНЕ, е четврта најниско задолжена земја во Европа и пред влегувањето на СДСМ во власта не постоеја никакви проблеми при исплатата на обврските на државата кон сите групи на граѓани.

– Зоран Заев постави свои министри и заменици министри во пет ресори и граѓаните веднаш ја гледаат разликата. Блокади, проблеми и деструкција. Тоа е СДСМ. Мултимилионерот Зоран Заев и СДСМ денес ги открија намерите зад фашистичкиот предлог на Закон за медиуми. Медиумите биле непријатели на Заев и СДСМ и затоа партијата требала да се пресмета со нив. Срамно и недолично, се вели во реакцијата.

Би можело да ве интересира

СДСМ: Дизелот над 100 денари – четврто поскапување за еден месец и нов удар врз семејниот буџет

Венко е сосема одлепен од реалноста, јасен му е епилогот на изборите, затоа и бега од соочување со граѓаните, реагира ВМРО-ДПМНЕ

СДСМ: Избори ќе закаже кога ќе снема пари – Ние нема да му бидеме алиби, но граѓаните ќе му бидат сведоци

Горан Наумовски

СДСМ: Мицкоски си ја крои статистиката – граѓаните ја гледаат во продавница

СДСМ: Орце Ѓорѓиевски чита календар за прскање, а Скопје брои четири починати

Реакција на Ѓорѓиевски: Повторно гледаме обид сериозна здравствена тема да се претвори во дневнополитичка пресметка