Јуанот влегува во клубот на најмоќните

Од:

Меѓународниот монетарен фонд соопшти дека кинескиот јуан ќе влезе во „корпата“ на водечки светски валути. Тоа значи дека валутата официјално ќе стане – валута за „резерви“ на таа светска организација.

ММФ објави дека јуанот  ги исполнил сите постоечки критериуми да му се придружи на американскиот долар, еврото, јапонскиот јен и британската фунта како една од валутите што се користат  на таа глобална финансиска институција.

Шефот на ММФ Кристин Лагард која и претходно го предлагаше тој потег, оцени дека тоа ќе биде поттик за раст и стабилност на Кина и глобалната економија.

Уделот на одделни валути во „корпата“ се одредува според релативната важност на валутата во меѓународната трговија и финансии. Во корпата моментно е 41,9 отсто долар, 37,4 отсто евро, 11,3 отсто фунтата и 9,4 отсто јенот. Јуанот нема да се придружи се до октомври 2016 година и би требало да има удел од 10.92 отсто.

Би можело да ве интересира

Вучиќ: Србија и Кина напорно работеa за да ги развијат односите

Кинескиот претседател Џипинг денеска во Србија

Бројот на жртвите од уривањето на дел од автопатот во Кина се искачи на 36

ВИДЕО: Се урна дел од автопат во Кина, најмалку 19 лица се загинати

А1он

Торнадо во Кина, најмалку пет лица загинаа, а 33 се повредени

Блинкен: Се надеваме дека повеќе Американци ќе студираат во Кина