А1он

  • Почетна
  • Македонија
  • Економија
  • Регион
  • Свет
  • Магазин
  • Спорт
  • Култура
  • Видео
  • Скен
FacebookTwitterYoutube
А1он
Од: А1он
Македонија

Таки Фити нов претседател на МАНУ

by А1он30/11/2015 - 19:26169
Share0

Академик Таки Фити денеска е избран за претседател на Македонската академија на науките и уметностите. За потпретседатели на МАНУ се избрани академик Луан Старова и академик Владо Матевски.

Добивај вести на вибер

– Со оглед на тоа што четиригодишниот мандат на сегашното Претседателство на Академијата истекува на 31 декември 2015 година, во согласност со Законот за МАНУ и Статутот на МАНУ Собранието на Академијата и одделенијата на Академијата на денешната седница избраа претседателство, се вели во денешното соопштение од МАНУ.

За секретар на Академијата е избран академик Леонид Грчев, за избран член Георги Старделов, за  секретар на Одделението за лингвистика и литературна наука академик Витомир Митевски, за секретар на Одделение на општествени науки академик Вера Битракова Грозданова, за секретар на Одделението за природно-математички и биотехнички науки е избран академик Дончо Димовски, за секретар на Одделението за медицински науки е избран академик Илија Филипче, за секретар на Одделението за технички науки  е избран академик Алајдин Абази и за секретар на Одделението за уметност академик Григор Чемерски.

Собранието на Македонската академија на науките и уметностите на денешната седница го разгледала и усвоила и Извештајот за работата на МАНУ за периодот 2012-2015 година и било сослушано Експозето на претседателот на Академијата академик Владо Камбовски за работата на МАНУ овој период.

manu

Би можело да ве интересира

Грозданов: Време е науката да проговори – стоп за еко популизмот

Горан Наумовски17/07/2025 - 12:43

Грозданов: Предлог стратегијата на МАНУ за минерални суровини наместо визија за иднината, создава конфузија

Катерина Ѓуровски01/07/2025 - 13:21

Академик Фити: Има серозни индикации и испитувања дека субвенциите не даваат соодветни резултати

Горан Наумовски18/06/2025 - 11:52

Грозданов: Наместо стратегија за развој, МАНУ испорача исполнување на желби на поединци

Катерина Ѓуровски30/05/2025 - 14:10

Грозданов: Предлог Стратегијата на МАНУ за минерални суровини треба да биде одбиена

Катерина Ѓуровски16/05/2025 - 13:37

Македонија беше центар на европската хематолошка научна фела

А1он29/04/2025 - 12:20
FacebookLike
TwitterFollow
InstagramFollow
YoutubeSubscribe

НАЈЧИТАНИ.

  • Facebook
  • Twitter
  • Instagram
  • Youtube
  • Импресум
  • Контакт
  • Маркетинг
  • Услови за користење

@2019 - A1on. Сите права задржани.

@2019 - A1on. Сите права се задржани
А1он
FacebookTwitterYoutube
  • Почетна
  • Македонија
  • Економија
  • Регион
  • Свет
  • Магазин
  • Спорт
  • Култура
  • Видео
  • Скен