Девојка нападната на автобуска постојка во Скопје

Од:

Една девојка пријавила дека без причина три машки лица ја нападнале на автобуска постојка во Скопје, нанесувајќи и повреди на главата.

Како што соопшти полицијата, во неделата во 17.10 часот во полициската станица Центар А.Д.(23) од Скопје  пријавила дека истиот ден околу 2.30 часот во Скопје на бул.„Кочо Рацин“ на автобуската постојка три непознати машки лица физички ја нападнале.

Тие излегле од автобус на ЈСП, по што еден од нив без повод и причина физички ја нападнал, ја удрил со тупаница  во пределот на главата, од што и се нанесени повреди во вид на оток на  левата страна на главата.  

Се преземаат мерки за пронаоѓање на сторителите.

Би можело да ве интересира

Криминална шема за продажба на бебе, новороднече во замена за 500 евра

МВР: Воведен Кодекс за облекување за вработените и странките во објектите на Одделот за граѓански работи

Кривична пријава за дваја полицајци, истепале приведен

Шпионска афера во кабинетот на претседателката: Обвинителството со месеци чека клучни докази од МВР

МВР: Има зачестена појава на измамнички пораки за наплата на сообраќајни прекршоци

А1он

Србин уапсен во Скопје: Осомничен за подготовка на платено убиство

Катерина Ѓуровски