(ВИДЕО) Давчевски: Бараме намалување на цената на водата за 30 проценти

Од:

Социјалдемократскиот сојуз и колаицијата на денешната седница на Советот на Град Скопје побара иницијатива за намалување на водата во Градот, како и за конечна наплата на водата која ја користи Рудници и Железница АД Скопје.

Советникот на Град Скопје, Драги Давчевски рече дека поради ненаплаќањето на водата која ја користи РЖ Скопје, Град Скопје претрпува загуби од 10 милиони евра годишно.

– Почитувани граѓани, на барање на социјалдемократскиот сојуз и коалицијата, на денешната седница на Советот на Град Скопје ќе се разгледува иницијативата за намалување на цената на водата во Градот Скпје. Предлогот ни е цената на водата за 30 проценти. Односно, да изнесува 20,57 денари за домаќинствата и 46,06 денари за парвинот субјект. Предлогот се базира на фактот дека градот скопје претрпува големи загуби со ненаплатувањето на водата која ја користи РЖ Скопје, рече Давчевски.

Советникот на Град Скопје, Драги Давчевски рече дека поради ненаплаќањето на водата која ја користи РЖ Скопје, Град Скопје претрпува загуби од 10 милиони евра годишно.

– Ова не го тврдиме само ние, ова го потврдува и јавниот инспекторат за животна средина и согласно решението на инспекторатот, на Рудници и Железарница Скопје и се забранува да врши испорака и дистрибуција на водата. Исто така, РЖ Скопје се задолжува да зафати вода од бунари за своите сопствени потреби. Согласно ова градот скопје е должен на РЖ да наплатува вода како и на секој друг правен субјект. И државниот комунален инспекторат констатира дека ЈП Водовод и канализација е единствен легитимен субјект за управување со водите во скопје. Ако се земе предвид дека ЈП Водовот и канализација Скопје има пари да гради луксузни барокни административни проекти од 11 милиони евра, нашата иницијатива има уште посериозна економска логика, истакна Давчевски.

Тој нагласи дека Градоначалникот мора да престане да се локсузира и наместо тоа, приоритет да му бидат граѓаните на Скопје.

Александар Тодески

Би можело да ве интересира

Тренчевска: Една милијарда евра е зголемена дупката во ПИОМ

Имало ли одлука на Собранието на акционери на Лотарија за финансирање на прославата, прашува СДСМ

СДСМ: Обвинителство мора да отвори истрага за лотото на Мицкоски и трошењето 5,5 милиони евра

СДСМ: За прославата од 5,5 милиони евра мора да се отвори истрага по трагата на парите

(ВИДЕО) Поповиќ: Мицкоски е и обвинител и судија – судството денес е под целосна контрола на власта

А1он

Филипче: Ова е арамиска власт – треба да знаат дека ќе одговараат, нема да избегаат