Иванова: Царот е гол, администрацијата извиси, нема пари за повисоки плати

Од:

Владата вети, па се премисли, повторно, по четрвти пат, го одложи за 12 месеци зголемувањето на платите на администрацијата за 5 проценти.

Опозицијата се согласува да нема покачување на платите на избраните функционери, но инсистира административците да си ги добијат ветените 5% поголеми плати.

Владата се правда дека единствено во Македонија нема намалување на администрацијата или отпуштања. Но останува ветувањето кое ќе се исполни по 12 месеци, и дека во март ќе се зголемат пензиите.

„Се е фарса. Пари нема во буџетот, а се троши ненаменски. Во пресрет на изборите Владата лаже дека ќе има пари. Гласно ќе се каже дека ќе се зголемуваат платите и пензиите пред изборите, а се знае дека дупката во Буџетот , а особено во пензискиот фонд е огромна.Ова е се во корелација со Скопје 2014, зошто Панорамското тркало не се намали, туку нема пари за плати и пензии“, праша весна Бендевска.

„Царот е гол. Владата призна дека нема пари во буџетот. Ако не се трошат пари за се, за мртви луѓе и споменици , ќе имаше пари за живите луѓе. Не ги лажете граѓаните дека ќе ја зголемувате социјалната помош. Ова е доказ за неуспешните политики на власта“, рече Цветанка Иванова.

За Веле Георгиевски ова е ловење политички поени.

„Недопустливо е да се каже дека Владата на ВМРО-ДПМНЕ нема да ги зголеми платите и пензиите. Ова е само одложување на зголемувањето“, реплицираше Георгиевски.

Иванова го праша дали и луѓето треба да ги одложат животите за една година. Праша зошто претставниците од ВМРО-ДПМНЕ секогаш кога носат штетни граѓаните говорат за минатото и за другите држави.

 

Би можело да ве интересира

Предвремени парламентарни избори во Јапонија – дали снегот може да ги расипе очекувањата?

Бурата како спас: Вентура бара одложување на вториот круг од претседателските избори во Португалија

Радев најави предвремени парламентарни избори во Бугарија

СДСМ ќе го поддржи опозицискиот кандидат Валбон за градоначалник на Гостивар

Конечен извештај на ДИК за локалните избори 2025 – следуваат повторени избори во четири општини

Народниот правобранител со бесплатна телефонска линија за изборни повреди на 2 ноември