Граѓаните на Хамбург на референдум се изјаснија против организацијата на Олимписките игри во 2024 година, соопшти денеска Меѓународниот олимписки комитет.
Неодамнешните терористички напади во Париз, но, исто така и во Германија ги загрижија жителите на Хамбург кои гласаа против организацијата на Игрите со 51,6%.
– По разговорите во последниве неколку недели во Германија, овие резултати не се изненадувачки. Одличната можност за градот, државата и спорт во Германија е изгубена. Тие изгубија околу 1,6 милијарди евра инвестиции од страна на МОК, се вели во соопштението на Меѓународниот олимписки комитет.
Претходно, Олимпискиот комитет на Германија во конкуренција во Берлин, го избра Хамбург за свој кандидат за организација на Олимписките игри, а тогаш истражувањето покажа дека 64 проценти од граѓаните ја поддржаа кандидатурата.
Останатите кандидати за домаќин на Олимпијадата во 2024 година се Будимпешта, Лос Анџелес, Париз и Рим, а конечната одлука ќе биде донесена во средината на 2017 година.