Екипата на Будуќност остана лидер во АБА кошаркарската лига и по 12.коло, откако синоќа во црногорската пресметка ја совлада Сутјеска дури по продолжение. Конечниот резултат е 89:87, а по 40 минути беше 78:78.
Воедно ова беше успешно деби за новиот тренер на подгоричани Лука Павичевиќ.
Македонскиот шампион МЗТ Скопје Аеродром загуби од Тајфун на гости со 68:62.
На другите три завршени натпревара од 12.коло: Мега Лекс – Крка 84:77, Олимпија – Металац 76:62 и Цедевита – Партизан 75:72.
Вечер играат: Игокеа – Задар и Црвена звезда – Цибона.
Табела: Будуќност 10-2 (победи-порази), Цедевита 9-3, Мега 9-3, Црвена звезда 8-3, Задар 6-5, Крка 6-6, Игокеа 5-6, Олимпија 5-7, Тајфун 5-7, Цибона 4-7, МЗТ Скопје 4-8, Партизан 4-8, Металац 4-8, Сутјеска 3-9.