МПЦ: Изјавата на Николиќ е добродојдена за продолжување на дијалог

Од:

„Изјавата на српскиот претседател Томислав Николиќ за брзо решавање на српско-македонскиот црковен спор е добродојдена Изјавата на српскиот претседател Томислав Николиќ за брзо решавање на српско-македонскиот црковен спор е добродојдена за продолжување на дијалог соопшти Светиот архиерејски  синод  на МПЦ.

Портпаролот на МПЦ,  Охридска архиепископија, митрополитот дебарско-кичевски г. Тимотеј, изјави  дека на седницата се дебатирало за  последните иницијативи за раздвижување и продолжување на црковниот дијалог меѓу двете сестрински и помесни православни цркви за надминување на долгогодишното прашање за афтокефалноста на макдонската црква.

Светиот архиерејски синод на МПЦ се надева дека преговорите со СПЦ би можеле да продолжат во скора иднина, но без какви и да било условувања, а со посредство и на државните фактори од земји.

Тој изјави дека се надева оти политичките изјави ќе помогнат во  продолжување на прекинатиот дијалог меѓу двете цркви.

„Синодот ја разгледа и состојбата на македонските православни цркви во Австралија, како и предлогот на епархиското собрание на Австралиско-новозеландската епархија на МПЦ особено по изјавата на неколку црковни општини кои се во недоразбирање со надлежните партиски власти и органи при што се повикуваат истите да остварат непосредна комуникација со Светиот архиерејски синод на МПЦ и преку меѓусебен дијалог да се изнајде решение за надминување на повеќегодишниот спор“, изјави митрополитот Тимотеј

Би можело да ве интересира

Браќата Мијалкови добија орден од МПЦ

Г.г Стефан и српскиот патријарх Порфириј во посета на Нишката епархија

Богородичната икона Троеручица денеска пристигнува во Скопје

Во петок литија низ Скопје со икона на Богородица трирачица, подарок од Хиландар за МПЦ

Предраг Петровиќ

МПЦ-ОА повика на масновност на изборите

Митрополит Агатангел: Македонското име, идентитет, историја и традиција не смеат да бидат предмет на тргување, тоа важи и за Црквата