На рускиот далечен исток се насука руски танкер, се излеа гориво

Од:

Руската служба за вонредни состојби соопшти дека во тек е операцијата на чистење, откако еден од нафтените танкери се насукал на далечниот исток на Русија, при што е оштетен еден од резервоарите за гориво.

Танкерот „Надежда“, кој превезувал 786 тони гориво, удрил во гребен за време на бурата вчера во близина на пристанишниот град Невелска, на островот Сахалин.

Количината на излеаната нафта и размерите на евентуалната штета по животната средина засега не се познати.

Во тек е операција на собирање на излеаната нафта, како и на контаминираното земјиште по должина на брегот, додека нафтата која се наоѓа во бродот се префрлува во други танкери, наведено е од службата за вонредни состојби.

Островот Сахалин, сместен во северниот Пацифик, северно од Јапонија, е главен произведувач на нафта и природен гас.

Би можело да ве интересира

Пет лица загинаа во сообраќајна несреќа во Санкт Петербург

Горан Наумовски

Руски суд го заплени имотот на италијанскиот „УниКредит“ вреден 463 милиони евра

Амбасадорите на ЕУ се согласија да стават уште четири руски медиуми на листата на санкционирани

Русија ја обвини Канада дека ги оправдува нацистичките злосторства

Песков: Белоусов e номиниран за министер за одбрана поради иновативноста и конкурентноста

(ВИДЕО) Руски медиуми: Автобус полн со луѓе падна во река во Санкт Петербург, има загинати

Горан Наумовски