Тениската репрезентација на Велика Британија е победник во годинашното издание на Дејвис купот. Ова за Британците е прв трофеј по пауза од 79 години. Претходно тие трофејот го имаа освоено во далечната 1936 година.
Најзаслужен за триумфот на Британија во финалето против Белгија е Енди Мареј. Тој победи во петокот, вчера во игра на двојки со неговиот брат и денеска против Давид Гофин по што неговата репрезентација го освои решавачкиот трет поен.
Мареј славеше со 3-0, по сетови 6:3, 7:5 и 6:3.
Мечот меѓу Кајл Едмунд и Рубен Бемелманс немапотреба да се игра со оглед на недостижната предност од 3-1 за Велика Британија.