СДСМ: Со ветото за најавеното задолжување од 100 милиони евра не се загрозува исплатата на плати и пензии

Од:

Целосно неточно е дека со законското право на вето за најавеното ново задолжување на граѓаните од 100 милиони евра на домашниот пазар се загрозува исплатата на плати, пензии и социјални трансфери, реагира СДСМ по соопштението од Министерството за финансии.

Според СДСМ, манипулација е тврдењето дека ветото за планираното задолжување од 100 милиони евра се однесува за сите домашни аукции.

– Ветото се однесува на најавеното задолжување од 100 милиони евра што е принципилен однос на СДСМ, наведува партијата и оценува дека „секое дополнително задолжување претставува обид за финансирање различни форми на изборна измама и корупција“. 

СДСМ, како што стои во соопштението, може да се согласи со Ставрески само во едно, дека со еврообврзницата се обезбедени средства за плати и пензии.

 

 

Би можело да ве интересира

СДСМ: Љутков постојано е на пат, повеќе е во странство отколку на своето работно место

СДСМ: РЕК Битола работи на продолжен кабел

Манасиевски: Фирма за тендери – Стентон Градба во време на СДС 90% од приходите ги имала од јавни набавки

Димитриевски: Актуелниот ДУП е донесен во 2010 година во време на поранешниот градоначалник Зоран Дамјановски

Филипче од Неготино: Владата на ВМРО-ДПМНЕ нема капацитет и идеја за водење на државата

А1он

(ВИДЕО) СДСМ: Кумот на Максим Димитриевски со поддршка на ДУИ си спечали 350.000 евра