Путин потпиша указ за воведување санкции кон Турција

Од:

Рускиот претседател Владимир Путин денеска потпиша указ за воведување „специјални економски мерки“ против Турција, со кои се предвидуваат серија санкции кон Анкара, јави ТАСС.

Со „специјалните економски мерки“, се воведува времена забрана за увоз не повеќе стоки од Турција во Русија и се забрануваат или ограничуваат активности на турски фирми и организации на руска тероторија.

Со мерките се превидува и укинување на безвизниот режим меѓу Русија и Турција од 1 јануари 2016 година, а од истиот датум на руските компании им се забранува да ангажираат турски работници.

На руските туроператори им се препорачува да се воздржат од нудење туристички аранжамани на руските граѓани во турските одморалишта, а се укинуваат и сите чартер летови меѓу Русија и Турција.

Воведувањто на овие мерки следи по соборувањето на рускиот авион од страна на турското Воено воздухопловство во вторникот, што доведе до драстично влошување на односите меѓу Москва и Анкара.

Би можело да ве интересира

Русија се закани дека ќе ја нападне Велика Британија

Горан Наумовски

ФСБ приведе Русин кој по наредба на Украина планирал да разнесе судски згради

Турција: Едно лице е тешко повредено во експлозија во зграда

Руски наредник уби командант и пет војници

Република: НАТО директно ќе влезе во војна доколку Русија премине една од двете црвени линии

Русија распиша потерница по Зеленски

Катерина Ѓуровски