Милошоски: Спасовски да ја расчисти аферата со 30.000 фалсификувани лични карти

Од:

ВМРО-ДПМНЕ повторно го повика министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски да го расчисти случајот со аферата за фалсификувани 30.000 лични карти што ја објави неделникот „Фокус“.

– Оваа афера не смее да остави ниту најмал простор или сомнеж или причина или изговор кај СДСМ за повторно да ги спорувате изборите следната година и одлуката  што ќе ја донесе народот во Република Македонија. Затоа ВМРО-ДПМНЕ бара од вас да соберете храброст, да смогнете сили, да покажете капацитет и аферата за 30.000 фалсификувани лични карти да ја расчистите и да кажете кој фалсификувал и колку лични карти, кога и каде го направил тоа, кој му помагал и на кои избори се употребени овие лични карти, и на кои избори се употребени овие лични карти? Дополнително треба да одговорите каде е остатокот од 29.900 лични карти кои неделникот близок до СДСМ се уште не ги предал во МВР, рече денеска на прес-конференција Антонио Милошоски, член на Извршниот комитет на ВМРО-ДПМНЕ.

Посочи дека почнале да се јавуваат граѓаните чиј идентитет бил искористен за објава на овие, како што рече, наводно фалсификувани лични карти.

– Луѓето се загрозени од аферата каде што и се објавуваат нивни лични податоци. Некој користел нивни податоци или на нивни семејства за да се објави оваа афера. Без разлика на ова, сите излегоа во јавноста, и медиумите, и одредени граѓани и нивни податоци без нивна согласност, но само еден човек, техничкиот министер за внатрешни работи Оливер Спасовски, го нема да се јави на оваа тема, рече Милошоски.

Според него, недејствувањето на Спасовски е „обид да се прикрие оваа афера, или да се прикрие сторителот на оваа афера, или можеби да се прикрие оној кој што измислува афера доколку истата не постои“.

– Доколку некој фалсификувал лични карти мора да сноси одговорност за тоа. Доколку некој фабрикувал само афера исто и тој треба да сноси одговорснот за тоа. Господине Спасовски вие сте на потег, не само пред членовите и симпатизерите на СДСМ, туку сега пред целата држава. Не смее да си дозволите некој да си поигрува со угледот на МВР и со целата држава, додаде Милошоски.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Димитријевиќ: Режим на дело, почнаа нарачаните кривични пријави против кандидатите на СДСМ

(ВИДЕО) Тренчевска: Историска измама, со линеарното покачување власта ги краде пензионерите

СДСМ: Лефков нека се скрие во дупка, се брука и себе и ДПМНЕ

СДСМ: Владата им подготвува историска имама на пензионерите

(ВИДЕО) Талески: Одбиени сите амандмани на СДСМ, пратениците на ВМРО-ДПМНЕ заложници на Тошковски за партиска милиција

(ВИДЕО) Димитриевски: ВМРО-ДПМНЕ ги излажа земјоделците, намалени субвенциите за прв пат во историјата