Британците изедначија во финалето на Дејвис купот

Од:

Со победата на Енди Мареј над Рубен Бемелманс, Велика Британија го изедначи резултат на 1:1 во финалето на Дејвис купот против Белгија кое се игра во Гент.

Мареј вчеравечер доминираше и мечот го реши во три сета, 6:3; 6:2 и 7:5.
Претходно во првиот сингл дуел Давид Гофан го совлада Кајл Едмунд и обезбеди водство за домаќинот.

Денеска е мечот во двојки. За Белгија пријавени се Кимер Копејанс и Стив Дарсис, а британската тениска репрезентација ќе настапи во состав Енди и Џејми Мареј.

Би можело да ве интересира

Алкараз го совлада Синер за трофејот во Пекинг

Алкараз лесно го совлада Медведев

Предраг Петровиќ

Медведев откри кој е најдобриот тенисер на планетава

Предраг Петровиќ

Шпанскиот тенисер Алкараз за 57 минути се пласираше во четвртфиналето на турнирот во Пекинг

Алкараз: „Тоа ќе не убие“

Предраг Петровиќ

ВИДЕО: Ѓоковиќ го испеа познатиот хит и најави спектакл во Бугарија со Димитров