Во кошаркарската Евролига синоќа беше комплетирана седмата рунда по која европскиот првак Реал Мадрид падна на последната позиција во А-групата.
Реал изгуби во Белград од Црвена звезда и значително си ги намали шансите за пласман во ТОП 16 фазата.
Резултати и табели по групи:
А-група: Химки – Баерн 70:81, Фенербахче – Стразбур 81:64, Црвена Ѕвезда – Реал Мадрид 94:88.
Табела: Фенербахче 6-1 (победи-порази), Химки 4-3, Црвена звезда 3-4, Баерн 3-4, Стразбур 3-4, Реал Мадрид 2-5.
Б-група: Лимож – Цедевита 69:78, Армани – Ефес 88:84, Олимпијакос – Лаборал 59:52.
Табела: Олимпијакос 6-1, Лаборал 4-3, Цедевита 4-3, Ефес 3-4, Армани 2-5, Лимож 2-5.
Ц-група: Зиелона Гора – Барселона 64:93, Локомотив – Жалгирис 80:50, Каршијака – Панатинаикос 66:69.
Табела: Барселона 6-1, Локомотив Кубан 6-1, Жалгирис 3-4, Панатинаикос 3-4, Пинар Каршијака 2-5, Зиелона Гора 1-6.
Д-група: Уникаха – Макаби 82:68, ЦСКА Москва – Сасари 93:87, Дарушафака – Бамберг 54:65.
Табела: ЦСКА Москва 6-1,Уникаха 6-1, Бамберг 5-2, Дарушафака 3-4, Макаби 1-6, Сасари 0-7.