Белгија со пресврт поведе против Велика Британија во финалето на Дејвис купот

Од:

Тениската селекција на Белгија поведе со 1-0 против Велика Британија во финалето на Дејвис купот.

Во првиот меч од завршницата на ова натпреварување, кое се одржува во белгискиот град Гент, домашната селекција до водство од 1-0 ја доведе Давид Гофин, кој во пет одиграни сета го победи Кајл Едмунд со 3-2.

Иако младиот Британец имаше водство од 2-0 во сетови, добивајќи ги првиот и вториот со 6:3 и 6:1, Гофин бодрен од домашната публика сепак успеа во целост да се врати во игра добивајќи ги следните два сета со идентични 6:2, а потоа и комплетно да направи пресврт, решавајќи го последниот сет во своја полза со максимални 6:0 во гемови.

Во вториот сингл меч од денешната програма Рубен Бемелмамнс за противник ќе го има фаворитот Енди Мареј.

Утре на програмата е дуелот во двојки, а за недела закажани се последните два меча во поединечна конкуренција.

Би можело да ве интересира

Алкараз го совлада Синер за трофејот во Пекинг

Алкараз лесно го совлада Медведев

Предраг Петровиќ

Медведев откри кој е најдобриот тенисер на планетава

Предраг Петровиќ

Шпанскиот тенисер Алкараз за 57 минути се пласираше во четвртфиналето на турнирот во Пекинг

Алкараз: „Тоа ќе не убие“

Предраг Петровиќ

ВИДЕО: Ѓоковиќ го испеа познатиот хит и најави спектакл во Бугарија со Димитров