Google Play го стигна App Store со 700.000 апликации

Од:

Корисниците на Android уреди сега имаат пристап до 700,000 апликации. Google објави дека Google Play сега може да се пофали со 700,000 апликации, што значи дека сега има ист број на апликации како и Apple App Store, кои минатата недела објавија дека исто така имаат 700,000 апликации.

Продавницата за апликации на Google веќе долго време се обидува да го достигне својот лут ривал Apple по бројот на апликации и конечно успева во тоа. Се разбира зад оваа трка се крие огромен пазар од кои зависи дали корисниците ќе се одлучат за Android или iPhone.

Успехот на Apple во продажбата на iPad и iPhone во голема мера се должи на одличниот екосистем кој компанијата го има развиено преку продавницата за апликации. Google се надева дека Google Play ќе го стори истото за Android уредите.

Пазарот на мобилни апликации моментално вреди 219,1 милијарди долари.

Би можело да ве интересира

„Легион плеј“ – нова рачна конзола на „Леново“

Ана Ололовска

Сметководителите ќе исчезнат, ќе бидат заменети со роботи

Ана Ололовска

„Нинтендо“ го претстави новиот „Свич ОЛЕД“

Ана Ололовска

„Уан-Плус“ го претстави поевтиниот модел „9-Р“

Ана Ололовска

Банка во Сингапур воведе технологија за препознавање лица, за услугите со банкомат

Ана Ололовска

Ако машините завладеат со светот, на маицата напишете „Робот“

Ана Ололовска